(ВИДЕО) Драматично во Холандија: Пожар „голта“ десет згради, 150 пожарникари на терен

 


Голем пожар денеска избувна во центарот на холандскиот град Арнем, кој брзо се прошири и зафати десетина згради, а сè уште не е ставен под контрола, соопшти портпаролот на противпожарната бригада.

Пожарот најпрво избувнал во една продавница, а потоа се проширил и на другите, а целиот историски дел од центарот на градот бил блокиран, пишува NL Times.


Засега нема информации за повредени, но пожарникарите поради интензитетот на пожарот не успеале да ги пребараат сите запалени куќи.

Пожарот зафатил стари куќи од 18 и 19 век, со дуќани на приземје и станови горе.


Изгореа десетина продавници и станбени блокови, изјави локалниот претставник Рене Бирман.

Полицијата и пожарникарите прават напори да ги евакуираат сите загрозени жители. Во гаснењето на пожарот биле ангажирани околу 150 пожарникари.

06.03.2025 - 11:45

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега