(ВИДЕО) Последно збогување со Саша Поповиќ: Минута молчење и филм за животот на шоуменот
Комеморацијата за Саша Поповиќ почна нешто по 10 часот. Прв зборуваше водителот Војо Недељковиќ, кој претходно го менуваше Саша Поповиќ на Гранд.
Кога се качи на бината ги повика сите да станат и да му оддадат едноминутно молчење за Саша Поповиќ.
Потоа на видео екранот беше пуштен филм за животот на шоуменот, придружен со последната песна што ја компонирал.
На комеморацијата во Сава центарот дојдоа бројни познати личности, меѓу кои: Лепа Брена, Боба Живојиновиќ, Александра Пријовиќ, Марија Шерифовиќ, Милица Павловиќ, Рада Манојловиќ, Лепа Лукиќ, Дејан Матиќ, Драгана Катиќ, Вики Миљковиќ и други.
Погребот ќе се изврши во 14 часот и 30 минути.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа