17-годишно момче прегазено во Битола - возачот избегал
Денеска во 03.26 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Битола, патничко возило управувано од непознат возач удрило во 17-годишен пешак од Битола, а потоа го напуштило местото на настанот.
Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Битола.
За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
18.01.2025 - 11:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа