Страшни признанија на децата депортирани во Русија: Биле тепани ако кажат дека се Украинци

 

 

Објавени се страшни исповеди на деца вратени во Украина по депортацијата во Русија на почетокот на војната.

Децата кои се вратиле во Украина откако беа насилно депортирани во Русија, се пожалиле на казнување затоа што одбиле да ги пеат националните химни.

Дарија Харасимчук, украинска советничка за правата на децата, рече дека децата тврделе дека биле тепани затоа што спомнале дека се Украинци.

Советникот рече дека на децата им било кажано дека нивните родители ги „напуштиле“ и дека „никој не ги чека“ во Украина, пишува Sky News.

Досега се верува дека околу 19.000 украински деца биле однесени во Русија од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година.

10.04.2023 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега