Пукање во регионот: Ранетиот има богато криминално досие
Маж ранет во Нов Белград осуден за претепување на синот на поранешниот претседател, пренесуваат медиумите од регионот.
Мажот кој денеска бил ранет во ресторанот „Хуго“ во Нов Белград е Д.В., бил осуден на една година домашен притвор затоа што го претепал синот на поранешниот претседател на Сојузна Република Југославија. Потоа бил уапсен во Нов Белград додека се шетал во време кога требало да биде дома.
Д.В. излегол од куќниот притвор ставајќи му електронска нараквица за следење околу вратот на своето куче, а потоа излегол надвор. На рочиштето тој призна дека го удрил Дарко Лилиќ.
Вуксановиќ беше осуден за учество во тепачка што му претходеше на обид за убиство во 2019 година пред сплав во Нов Белград.
Вуксановиќ е назначен и за лице од интерес во однос на безбедноста во Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија. Во Црна Гора тој е осомничен за две тешки убиства во Херцег Нови во 2016 година и Бар во 2019 година, но за овие случаи против него не е покренато обвинение.
Д.В. е веќе познат на полицијата, а последното кривично дело за кое е осуден е нанесување тешки телесни повреди. Претепувањето на синот на поранешниот претседател е снимено на камера.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа