ФОТО: Ќерката на Селма Хајек е нејзина копија - актерката ја покажа својата наследничка

 

Актерката Селма Хајек е активна на социјалните мрежи и често со публиката споделува бројни детали од приватниот живот, но еден дел од интимата сепак љубоморно го чува за себе.

Имено, славната Мексиканка скоро никогаш не објавува фотографии од својата ќерка Валентина.

Salma Hajek

Навистина е големо изненадување новата фотографија на Инстаграм, на која Селма позира со својата ќерка тинејџерка. На фотографијата тие две се држат за раце и се гледаат една со друга во очи, додека во позадина се гледа зајдисонцето.

„Мое драго девојче, ти си ми се. Благословен да е денот кога влезе во мојот живот да заблескаш со својата блескава светлина. Среќен роденден, Валентина! Благодарам што си ти ти“, напиша Хајек во опис на фотографијата.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

29.09.2021 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега