Наjлесниот рецепт за ирско кафе
Деновиве температурите се намалуваат во вечерните часови и затоа можеби е совршено време за ирско кафе. Најдобриот начин да ја згреете душата и да заборавите на секојдневието.
Со овој рецепт за брзо време ќе го имате вашето омилено кафе.
Потребни состојки:
40ml - ирско виски
80ml - топло црно кафе
30ml - слатка павлака
1 лажичка - кафеав шеќер
Начин на подготовка:
- Загрејте ја чашата во која ќе го служите коктелот со помош на топла вода. Ако чашата е ладна, кога ќе го ставите топлото кафе може да се случи да пукне.
- Ставете го во чашата шеќерот и додајте ги вискито и топлото кафе. Мешајте со лажичка сè додека шеќерот не се растопи.
- Земете мала лажичка, свртете ја и врз задниот дел полека налевајте ја слатката павлака (врвот на лажичката треба да ја допира површината на течноста во чашата). Павлаката треба да остане да „лебди“ на површината. Откако ќе ја додадете павлаката, кафето не треба да се меша.
Конечниот пијалок се служи топол. Можете да уживате сами или да го пиете со пријател/ка.
Наздравје.
20.09.2021 - 14:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа