Астронаут од Македонија оди во вселената?

 

Дали има вистина во изјавата на Слави Трифонов, лидерот на бугарската партија ,,Има Таков Народ”, кој во Јули 2021 јавно изјави дека ќе испрати два астронаути од Бугарија и еден астронаут од Северна Македонија во вселената?

Имено, според неофицијални информации, станува збор за меѓусебна мисија на Европската Вселенска Агенција (ESA) и Руската Вселенска Агенција (РОСКОСМОС) со лансирање на ракетата АНГАРА 5.

Интересно е дека постои објавена снимка на која можеме да ја забележиме ракетата АНГАРА 5. На платформата, покрај американското и руското знаме, се вее и

македонското. Се шпекулира дека снимката е објавена од руско вработено лице кое било ангажирано на работна задача на платформата на ракетата.

Дополнително, на достапната онлајн база на активни астронаути и космонаути, е забележана нашата земја, претставувана од првиот македонски астронаут Марјан Спировски.

Активната листа може да се провери на следниот линк, но се чини дека е отстранет, или пак можеби сепак го чуваат во тајност. http://www.spacefacts.de/english/e_active.htm

Кој е Марјан, и дали го имаме официјално првиот македонски астронаут кој ќе оди во вселената, за жал се уште останува мистерија.

сл.1 Ракетата на платформата каде се гледа и македонското знаме

Сл.2 Постот од рускиот Reddit, каде се истакнати овие информации

сл.3 Табела на активни астронаути во моментот, каде е прикажан Марјан Спировски од С.Македонијa

01.09.2021 - 16:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега