ВИДЕО: Родени биле како сијамски близнаци, а после 3 месеци биле раздвоени - ова се двете девојчиња после 10 години
Приказната за Исабел и Аби го обиколи светот.
Двете идентични близначки биле споени од градите до стомакот. Срцето на Исабела било длабоко во градниот кош на Аби, додека останатите органи биле испреплетени.
Родителите се соочиле со многу тешка одлука пред себе: Дали да се обидат да ги раздвојат своите девојчиња?
Тие поминале 6 месеци во болница по раѓањето. Престижната „Мајо“ клиника се согласила да ги раздвои девојчињата, во операција во која учествувале 17 хирурзи и која траела 12 часа.
Две недели подоцна, девојчињата биле подготвени за да си одат дома, раздвоени. Тоа било пред 10 години.
Тие не се сеќаваат дека биле споени, меѓутоа нивниот однос зборува поинаку – овие сестри се неразделни во секој поглед.
-Во трговски центар, сакаме да се држиме за раце. Чудно е, велат Изабела и Аби.
Она што најмногу изненадува не е тоа што успеале да преживеат, туку желни се за напредок. Двете се здрави, атлетски градени и се најдобри во своето училиште.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа