Тамара распали на Инстаграм: Со мала буква е македончето, ситно, зајадливо, љубоморно, злобно- Затоа што Македонците гласаа и се радуваа

 

Тамара Тодевска, нашата претставничка на Евровизија од 2019-та година, која освои висок пласман, на својот Инстаграм профил повторно сподели едно обраќање кое го имаше до јавноста во 2019-та година. Изјавата се однесува на нејзиното учество на Евросонг,а со истата го подджа и овогодинешниот претставник Васил Гарванлиев.

„Цела ноќ и наутро читам коментари, статуси на Фејсбук и Твитер. Едни пресреќни, други пцујат што не сме победиле (а богами бевме подобри од онаа лошата копија на Колдплеј или што би рекла Ивана – Колдплеј за сиромашни). Трети „хејтаат“ до зла бога и назад“, напиша Тамара на Инстаграм и додаде:

„Синоќа еден народ беше против Македонија (северна, источна каква сакате). македончето. Со мала буква е македончето, ситно, зајадливо, љубоморно, злобно… Затоа што Македонците гласаа и се радуваа“.

„Ало бре! Стручно жири на Велика Британија ни даде 12 поени. Знаете ли која е Велика Британија. Не е Тереза Меј, не е Брегзит. Не е Меган Маркл. Британија е земја на „Depeche Mode“, „Joy Division“, „Queen“, „Stone Roses“, „The Beatles“, „Cure“, „Oasis“, „Smiths“, „Rolling Stones“, „Pink floyd“, „Radiohead“, „Led Zeppelin“…

A кои сте Вие за да не гласате за одлична песна и уште подобра пејачка.

 

Не Ви се допаѓа Северна? Обвинете ги политичарите. Демек ја казнивте Тамара (голем уметник и квалитет) затоа што настапила за Северна Македонија. Од утре казнете ги и банките што се во Северна па не ја подигајте платата. Казнете ги училиштата, па не ги праќајте децата во училиште, казнете ги фирмите каде што работите и не одете веќе на работа. Казнувате уметност поради политика. Невидено. Социјалните мрежи ви дадоа глас, па сега лупате триста глупости на саат“, објави пејачката во „стори“ на Инстаграм.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.05.2021 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега