На аукција приватно видео со Кејт Мос- еден среќен фан ќе има увид како е да се спие покрај неа

 

Кејт Мос ќе му даде увид на еден среќен фан како е да се спие покрај неа откако реши да понуди на аукција уметничко видео за да собере средства за добротворна организација за ментално здравје.

Еден од трите уметнички видео-записи кои се на аукција за соберање пари за добротворни цели Gurls Talk, а на кој Кејт може да се види како спие, веќе доби понуда од 11,000 фунти (20.750 долари).

Другите две уметнички видеа – исто така на аукција – се насловени Walk With Kate (Оди со Кејт) и Drive With Kate (Вози со Кејт), објави весникот „Сан“.

Во меѓувреме, Кејт претходно се отвори за својата кариера, признавајќи дека никогаш немала конкретен план во животот.

47-годишниот супермодел, која ја открија кога имала само 14 години, рече: “Немав план. Јас секогаш бев една од оние млади луѓе кои беа среќни што беа изложени на нови работи и искуства – немаше план или маршрута по која сакав да одам.“

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.05.2021 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега