10 работи кои не сте ги знаеле за стјуардесите
Многумина сметаат дека работата на стјуардесите и стјуардите е забавна, интересна и динамична. Патување по цел свет бесплатно, запознавање нови луѓе, спиење во хотели... Некому тоа му звучи како забавен живот, а многумина имаат прашања за таа професија на која не може да се добие одговор ако не познавате некој што го работи токму тоа.
Стјуардесата Али Реј Кејс се одлучи на својот ТикТок профил да одговори на некои прашања поврзани со нејзината професија.
Answering all your FA questions! #learnontiktok #flightattendant #flightattendantlife #foryou #fyp
1.П: Смее ли некој да лета со вас бесплато?
О: Да, можете да го земете вашиот партнер, брат или сестра, пријатели и да го пропатувате светот.
2.П: Дали некогаш ве плашат турбуленциите?
О: Мислам дека навикнав на нив, но факт е дека во предниот дел од авионот многу послабо се чувствуваат отколку позади.
3. П: Моратели да делите хотелска соба со други стјуардеси?
О: Не, сами сме во соба.
4. П: Јадете ли храна од авионот?
О: Секогаш.
5. П: Дали смештајот во хотелот е бесплатен додека работите?
О: Да.
6. П: Дали е вистина дека сте платени само за време кога вратите на авионот се затворени?
О: Да, саатницата ни почнува откако вратите ќе се затворат.
7. П: Имате ли секогаш спакуван куфер?
О: Да, секогаш.
8. П: Смеете ли да спиете за време на долгите летови?
О: Да, имаме посебна соба за персоналот каде спиеме.
9. П: Леташ ли секогаш со исти луѓе?
О: Никогаш.
10. П: Како се станува миленик на стјуардесите?
О: Донесете ѝ храна, слатки и поклон картичка од Старбакс.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа