Објавена низа документи за НЛО: Вистината за инцидентот на езерото Фалкон конечно јавна?
Крис Рутковски, канадски научник, ја донирал својата колекција од повеќе од 20.000 документи за НЛО, составени во претходните три децении како и 10.000 слични документи од канадската влада - Универзитетот Манитоба.
Вистината за неидентификуваните летечки објекти некаде постои, а сега ентузијастите и истражувачите ќе имаат можност да ја најдат во низата документи.
Како што верува научникот Крис, некои од најдобрите документи се однесуваат на инцидентот кај езерото Фалкон.
„Подобар е дури и од Розвел (летечкиот објект кој наводно бил виден над Ново Мексико во 1947-та година) затоа што САД и понатаму не признава дека истото тоа се случило во Розвел“ - изјавил научникот за CBC.
Како што пишуваат од “Live Science“, инцидентот на езерото и понатаму тешко може да се објасни.
Наводно се случил на 20-ти мај 1967-та година кога индустрискиот механичар Стефан Мичалак во пустината барал кварц и сребро, а бил запрепастен од гуските кои биле вознемирени поради нешто кое било во нивна близина.
Го подигнал погледот и видел два предмети во облик на цигари како лебдат над тлото. Еден се спуштил, а другиот полетал. На тој што слетал му се приближил и почувствувал мирис на сумпор.
Се зборува дека објектот бил толку многу жежок што нанесувал изгореници и преку ракавиците.
Кога објектот свртел и полетал, на човекот го испрскал со врела гас, оставајќи му изгореници од прв степен на стомакот. Неколку недели потоа имал главоболки, дијареа и халуцинации.
Неколку години подоцна на тоа место пронајдено било парче метал кое било многу радиоактивно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа