Експерт за коса откри дека косата ја миете погрешно цел живот - посочи како правилно се користи шампонот
Можеби мислите дека околу нешто толку просто и вообичаено како што е миењето на коса нема место за полемика, се испостави дека постои точно дефинираа постапка за оваа секојдневна праска, односно дека многу жени не ја прават правилно.
Имено, Џон Халал, автор на книгата „Hair Structure and Chemistry Simplified" која од научна страна се занимава со митот за коса, тврди дека косата треба да се мие исклучиво со млака вода, а не со врела. Ако ја измиете со млака вода помалку ќе се масти и ќе биде многу посјајна.
Тој исто така тврди дека ако имате масна коса потвребно е да стави шампон на сува коса и добро да се истрие, па дури потоа да се намокри. Така најлесно се отстранува маснотијата од косата, а после тоа повторно нанесте шампон на мокра коса, па измијте.
„За миењето коса многумина воопшто не размислуваат само ставаат шампон, ја мијат и ја повторуваат постапката. Меѓутоа, не се сите типови коса исти, па истата постапка нема да даде добри резултати кај сите“, објаснил Халал.
Тој исто така додал дека е потребно косата да се трие се додека не се направи богата пена, затоа што дури тогаш таа станува чиста и значи дека е време за плакнење. Треба да се обрне внимание и на тоа колку шампон користите - преголемата количина може да биде штетна за здравјето на косата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа