Српскиот рапер пијан бркал луѓе да ги убие: „Трчав по нив, а потоа полицијата ме фати“
Вукадин Гојковиќ, познат како Вук Моб, кога ќе се напие не знае што прави, па така, како што сам принзва, во една прилика дури по улица со сатара бркал луѓе. Тој признал дека тоа му било најлошо пијанство.
„Ми остана во сеќавање она кога пијан со сатара во рака бркав неколку луѓе кои не ги познавам. Додека трчав по нив, еден човек со ремен ме удри по глава, а тоа не го почувствував“, рекол Вук.
„Некој повикал полиција и успеал да ме запре и да ми ја земе сатарата. Потоа сум ги нападнал и нив, па ме привеле. Мислев дека ќе ме претепаат, но не. На крајот добро се заврши, ако не ме спречеа можев да убијам некој. Не смеам ниту да помислам што се можело да се случи. После тоа престанав да пијам“, рекол Вук Моб.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа