Славиме важен празник - верувања и обичаи поврзани за овој ден
Денеска е трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител.
Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на прогонството на Свети Јован Златоуст. А кога престана иконоборството, во времето на царот Михаил и патријархот Игнатиј, во 850 година, чесната глава на Свети Јован беше пренесена во Цариград и положена во придворната царска црква.
Ова не е единствен празник посветен на Свети Јован Крстител, тој спаѓа во еден од најпочитуваните светци, а неговиот ден се прославува неколку пати во годината.
Во некои краишта се верува дека денеска небото се отвора и дека душите на починатите лесно заминуваат во рајот. Исто така постои верување дека на полноќ небото се отвора и треба да се посакаат три желби.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа