Девојче има уште 18 месеци живот поради грешка на докторите - Кејти боледува од фатална болест

 

Кејти Борн на која гинекологот не ѝ дозволил да направи ПАП тест поради нејзините години, ѝ бил дијагностициран рак на матката во трета фаза.

Девојката минатата година почнала да чувствува болка во стомакот, а докторите ѝ велеле дека станува збор за кронова болест, за која добила и лекови.

Сепак ништо не се променило.

Таа во еден момент се онесвестила во продавница, после што 3 дена лежела во болница, а дури потоа докторите ѝ дозволиле да направи ПАП тест. Се испоставило дека ракот веќе се проширил на двете страни од карлицата. Ѝ рекле дека ѝ останале 18 месеци живот.

Сега се труди да живее со полн здив, а во тоа ѝ помага и нејзината девојка со која планира свадба.

-Да бидам искрена, единствениот ден кога се чувствувам потиштено е денот пред хемоптерапија - рекла Кејти.

Британските доктори го истражуваат нејзиниот случај, но засега не сакаат да коментираат дека имало пропуст.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.06.2019 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега