Радосна вест: Малата Искра која се роди со 1060 грама излезе од болница

 

Малата Искра која е голем јунак и борец, ја напушти болницата и конечно е дома.

По 53 дена престој на Одделот за неонатална интензивна нега во болницата Систина, си замина да се гушка со мама и тато.

Искра дојде на свет на 9 април со родилна тежина од 1060 грама. За жал, нејзината близначка Ведрана почина.

За Искра и Ведрана донираа многу граѓани од цела Македонија, а родителите се бескрајно благодарни за хуманоста.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.06.2019 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега