Последните зборови на славната блогерка кои ги напиша пред смртта и понатаму кружат на интернет

 

Кирзајда Родригез била една од најпознатите модни блогерки на светот, но нејзината слава нагло прекинала - оваа дама од Доминкканската република починала во септември мината година на 40-годишна возраст.

Кирзајда починала после 10 месеци тешка борба со рак на цревата, а бидејќи ѝ бил дијагностициран доцна, малкумина верувале во позитивен исход.

Таа отворено зборувала за својата болест и со своите милион следбеници редовно споделувала детали за борбата со болеста, односно зборувала за хемотерапијата и тоа како се чувствува поради загубата на косата.

Еден меец пред смртта споделила срцепарателни зборови за смислата на животот, кои и ден денес круже на Интернет.

-Имам целосно нов автомобил кој е паркиран надвор и не може ништо да направи за мене. Ги имам сите видови дизајнерски облеки, торби и чевли кои не можат ништо да направат за мене, имам пари на мојата сметка кои не можат да ми помогнат, имам голема, убаво уредена куќа која не може ништо да направи за менме...Погледнете, јас лежам овде во болнички кревет, можам да одлетам со авион каде сакам и во кој ден сакам, но тоа не може ништо да направи за мене - напишала таа.

-Затоа немојте да се чувствувате лошо поради работите кои ги немате, бидејќи работите за кои треба да бидете благодарни се оние кои веќе ги имате, ако имате кров над глава кому му е грижа каков е мебелот. Најважна работа е љубовта, осигурајте се да уживате со оние кои ги сакате - напишала Кирзајда.

 

 
 
 
View this post on Instagram

DT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.05.2019 - 20:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега