Оваа овошка никогаш не се прска - само 100 грама чини 250 динари
Љубиша Јовановиќ кој живее во околината на Ниш откако се излечил од рак на дебелото црево, почнал да одгледува гоџи бери.
Бидејќи гоџито му помогнало во лекувањето, со сопругата и синовите решил да засади гоџи.
Синовите Немања и Никола, кои се инженери по овоштарство, му помогнале со своето знаење.
Подигнале плантажа, почнале да истражуваат, да продаваат овошје и садници, пишува српски Agroklub.
Но, тие се единствени луѓе во Европа кои имаат црно гоџи. Овој вид гоџи се смета за едно од најпрофитабилните и едно од најлековитите.
Од ова гоџи дневно може да се конзумира од 3 до 6 грама. На плодно земјиште се сади гоџи и успева во сончеви предели. Се работи од март до доцна есен. Растојанието од корен до корен е еден метар, а редовите мора да бидат оддалечени на 2.5 метри.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа