Неда Арнериќ излезе од психијатрија - после обидот да се самоубие, актерката кажа како се чувствува
Откако сврте нов лист, актерката открива каква е нејзината состојба и вели дека после долгиот период на хоспитализација се чувствува многу подобро.
Помина еден месец откако 69-годишната Неда Арнериќ ја напушти Психијатриската болница, каде на 27. февруари беше примена поради тоа што испи 20 таблети за смирување во комбинација со лекови за хипертензија, па изненадно паднала во својот стан. Додека успешно закрепнува, актерката повеќе не сака да се сеќата на немилион настан и се надева дека наскоро ќе се врати на даските кои живот значат. Во склад со тоа што после закрепнувањето ја чека работа, уметничката е посветена на својот мир и не е расположена за интервјуа, но за Курир.рс кратко ја отворила душата.
-Ви благодарам на повикот. Сега сум одлично. Треба да бидам уште подобро. Конечно сум среќна што се оди како што треба. Здравјето ми е во ред и тоа е најважно - рекла Неда.
-Дојдов до велнес центар малку да се опуштам. Се уште не можам да кажам кога се враќам на работа, но верувам дека тоа ќе се случи. Ќе има прилика да разговараме - порачала актерката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа