Колку навистина чини живот во Норвешка - платата им е 25.000 круни, станарина 5.000 и ова на крајот им останува
Постојат бројни препреки за заминување надвор од земјава и неретко таа битка трае со години. Европа се повеќе бара работна сила, накратко, бара тоа што им недостасува на пазарот.
Курир.рс разговараше со соговорник кој работи како помошник работник во кујна во Норвешка во старечки дом на одредено време, бидејќи заменува постојани работници додека се на боледување. Со оваа работа се занимава веќе неколку години.
-Некогаш работам полно работно време, некогаш не. Главно 75% од работното време. Платата која ја добивам е 25.000 круни, односно над 150.000 денари. - вели тој.
Тој од таа цифра одбива данок за државата 35% и допринос за пензија. На рака добива 100.000 денари.
-Од тоа се издвојува за стан со електрична енергија, стан со една спална соба 31.000 денари, износот на телефонската сметка зависи од тоа колку се јавувате, а јас премногу го користам - вели тој.
Поради тоа што живее сам не може да добие некој кредит за купување стан.
-Оние кои се во заедница главно купуваат нешто на кредит, бидејќи заработуваат по две плати и од прилика месечно издвојуваат околу 62.000 денари за рата. Становите во Новешка се скапи, особено во големите градови - тука цените се движат од 2 милиони круни па нагоре. Услов за добивање кредит е учество во износ од 15 отсто - вели тој.
За оние кои не работат државата одвојува околу 5.500 круни месечно да платата стан и храна.
-Стандардот е висок но и цените се високи. Така килограм месо чини 150 круни, млеко околу 20 круни - вели тој.
Градинка лини околу 2.500 круни, постои и детски додаток за деца кој изнесува 1.250 круни, а ако е самохрана мајка таа добива двојно. Во случај на развод, мажот мора да плаќа алиментација од 3.000 круни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа