Македонската пејачка се омажи во Австралија - во името на љубовта го направи ова

 

Македонската пејачка Маја Вукичевиќ тајно се омажи во Австралија. Како што објави 1ТВ, повикувајќи се на свои извори, Маја се омажила за богат Mакедонец, кој е сопственик на плантажи во Сиднеј и во Мелбурн, но имал и други големи бизниси.

Маја пред да замине преку океанот, го избриша својот ФБ профил, но не е активна  ниту на Инстаграм. Наводно на пријателите  пред да замине, им рекла дека сака да го избрише минатото и во Авсралија да започне нов живот како мажена жена.

Интересен е фактот дека нејзините провакитвни спотови, во кои таа дури водеше љубов со црнемуресто момче , а во 90-тите години беа вистинска сензација, веќе се тргнати од каналот Јутјуб , што е уште еден догаз дека Маја серозно сака да се збогува со минатото.

Маја претходно беше мажена со скопјанецот Горан Грамашковски и го роди синот Гораст кој денес има 23 години. Бракот со Грамашковски траеше кратко. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.05.2019 - 17:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега