Се распадна популарната македонска група
Бендот “Дупер” молскавично се проби на македонската сцена со песната „Не сум твој тип”, а потоа продолжија да изненадуваат со хитовите „Тело за на ТВ” и „Ние сме 2”.
Сепак, вчера тие се огласија и напишаа дека се распаднале.
-Почитувани, поради тоа што едниот од машките членови на групата Дупер ѝ даде отказ на Мартина, со поддршка на другиот машки член, од според мене најпатетична можна причина, Авалон Продукција го раскина договорот со младите момци, пишува во објавата на Авалон, напишана од страна на Бобан Милошески, сопственик на “Авалон”.
Од групата информираат дека ќе продолжат да постојат, но со нов состав.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа