Уште една мисица пронајдена мртва во хотелска соба, околностите за смртта се чудни

 

Мексиканската полиција го пронашла телото на жената обесена во бањата во хотелската соба, а станува збор за Фатима Давила, која го претставуваше Уругвај на изборите за Мис во 2006. и 2008 година.

Локалното обвинителство ги истражува околностите поврзани за овој случај за да се утврди дали станува збор за убиство или самоубиство.

– Засега е утврдено дека жената во Мексико Сити допатувала на 23 април. Познаник ѝ помогнал да се смести во апартманот на хотелот воочи разговорот за работа кој го имала закажано – навеле во обвинителството.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.05.2019 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега