Ова момче е син на милионер, а нема сопствен стан и нема да наследи ни денар од неговото богатство

 

Алексис Шин, наследник на најголемата агенција за недвижности во Хонгконг не поседува стан.

И не само тоа, ѕуку нема да наследи ни од огромното богатство од 400 милиони долари, бидејќи неговиот татко одлучил сите пари да ги даде во доброволни цели.

Сепак младиот Ши вели дека не  е загрижен поради тоа, зашто неговиот татко од млади години велел дека ќе го направи тоа.

Шин има три деца, а вели дека нема да им остави ни денар.

„Ни ја соопшти таа одлука уште кога бевме многу мали.Немавме избор освен да ја послушаме неговата желба.Ни објасни дека не е добро да водиме премногу опуштен живот и дека повеќе ќе ги цениме парите ако сами ги заработиме.

Алексис работи во фирмата на татко му и после него ќе ја наследи позицијата на неговиот татко.

Иако фирмата заработува милиони Алексис има обична плата и вели дека неговите пријатели заработуваат повеќе од него.

Инаку Шин одлучил да штеди и да изгради куќа во рурарниот дел од Кина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.04.2019 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега