Бугарин платил над 35 милиони долари: Си го купил највредниот имот во Беверли Хилс- погледнете за кого се работи
Еден човек со бугарскo имe го купил еден од најпродаваните имоти во Беверли Хилс. Договорот е за повеќе од 34 милиони долари и е највредниот во 2019 година.
Името на купувачот не се открива а бугарските медиуми пренесуваат дека правното лице кое го стекнало имотот, е поврзано со личност по име Христо Христов. Целосните иницијали се совпаѓаат со оние на познат трговец на оружје. Информациите не се официјално потврдени.
Областа на целиот имот е речиси 4 декари, а во објектот има седум спални соби, тавани на висина од 8 метри, како и контролиран од компјутер 25-метарски водопад.
Изградбата на куќата била завршена во 2014 година. Почетната цена на имотот беше објавена на 55 милиони долари а по се изгледа дека купувачот направил добра зделка
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа