Зафирчев со емитовен статус за Беличанец: Ретка билка со раскошен талент за цветање

 

Ви благодарам на сите за почитта која и ја укажувате на нашата драга Беличанец. Ние актерите изгубивме редок пријател и колега. А македонскиот театар изгуби голема и неповторлива актерка. Вечна и слава и паметење!-напиша на социјалните мрежи актерот Васил Зафирчев трогнат од смртта на неговата колешка Билјана Беличанец.

Зафирчев ѝ посвети силно емотивен статус кој го пренесуваме подолу:

„Билјана Беличанец. Ретка билка со раскошен талент за цветање. Можеше да даде уште многу цутови. И сакаше. А не напушти на најтрагичниот од сите можни начини. Како вистинска античка хероина. Вечна пролет за неа и за нејзиниот редок и убав цвет. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.04.2019 - 09:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега