Тони Михајловски со последен поздрав за македонскиот режисер: Почивај во мир другар мој
Македонскиот режисер и драматург Златко Славенски денес ненадејно почина во Скопје.
Последен поздрав упати Тони Михајловски до најважниот режисер во неговата актерска кариера.
-Златко Славенски. За мене најбитниот режисер во Македонија, и мојот актерски живот. Единствениот режисер кој ме ангажираше во 16те години незапосленост. Единствениот кој имаше храброст да се спротивстави на директорите во намерата да ме ампутираат од театарот. „Будење на пролетта”, „Пер Гинт”, „Папокот на светот”. Не ја завршивме мојата магистерска во која требаше да ми биде ментор. Почивај во мир другар мој. Нека ти е мирен и светол патот”, напиша актерот за режисерoт Славенски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа