Петоаголната тврдина била мета на терористичкиот напад на 11-ти септември, а нејзините ѕидини и денес кријат бројни тајни

 

Главниот штаб на Министерството за одбрана на САД, попознат како Пентагон, е симбол на вооружените сили на САД и по 76 години постоење сѐ уште го привлекува вниманието на јавноста.

По Белата куќа, се смета за уште еден центар на американската моќ. Пентагон е најголемата деловна зграда на светот по површина, со околу 600 илјади квадратни метри, од кои 340 се користат како канцелариски простор.  

Комплексот опфаќа и централен плоштад од пет хектари кој исто така има облик на петтоаголник кој е познат под неформалниот назив “нулта точка” (ground zero). Пентагон бил мета на терористичкиот напад на 11-ти септември 2001 година, кога Боинг 757-223 на летот 77 се забил во западното крило од зградата. Тогаш загинаа 189 луѓе (5 терористи, 59 патници и членови на екипажот и 125 вработени во зградата), а во 2008 година, Пентагон отвори меморијален простор кој е посветен на жртвите од терористичкиот напад. Во него се наоѓаат 184 клупи, а на секоја е испишано името на една жртва.

Иако се познати голем грој информации, многумина велат дека оваа тврдина до денес крие бројни тајни. Зградата е изградена во рекорден рок, за помалку од две години, во екот на Втората светска војна. На почетокот немало лифтови, а бидејќи е градена во екот на расната сегрегација, биле изградени посебни тоалети за припадниците на белата, а посебни за припадниците на црната раса. Поради тоа, денес во Пентагон постојат дури 284 тоалети. 

Пентагон има околу 23 илјади вработени (војници и цивили), а околу 3000 членови на персоналот работат во самата зграда.

Главниот штаб чува бројни тајни, а неодамна е откриено дека во рок од пет години, тука се спроведувале тајни истражувања за НЛО кои биле завршени во 2012 година, кога американските службеници за одбрана решиле да се фокусираат на други поприоритетни програми. За програмот наречен “Напреден програм за идентификација на закани од вселената” во тајност биле издвоени 22 милиони долари годишно.

Според пишувањето на поединечни медиуми, во зградата се наоѓа таен апартман. Пентагон годишно го посетуваат повеќе од 100 илјади туристи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2019 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега