ВИДЕО: Вака Путин го поминува одморот во Сибир - Песков открил колку често претседателот готви

 

Првиот човек на Република Тува, Шолбан Кара-Оол им откри на медиумите како Владимир Путин го поминува одморот за време на Краснодарскиот економски форум.

Имено, Шутин сака сам да прави скара и маринада за него. Тој ја додал за скарата да биде одлична, но не го открил рецептот за маринадата.

Освен тоа, Путин за време на одморот секогаш пие кафе.

-Господинот Шојгу кафето го вари во ѓезве, Тој прави одлично кафе на логорски оган. Се гордеам што тоа го научив и на своите домашни им го варам. Кафето со шеќер прво се карамелизира, па треба да проврие со млеко - рекол Кара-Оол.

Како што навел, рускиот претседател сака и национален чај од Тува, кои го варат по рецепт на бабата на Кара-Оол.

-Најважната состојка е водата. Земаме вода од извор и зелен чај. Малку се посолува, па се чека да проврие и потоа се става млеко. Кога млекото ќе проврие, не дозволувајте да искипе, но задолжително држете го некое време да врие. Може да му се додаде и маргарин - кажал Кара-Оол.

Подоцна се огласил и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков кој кажал колку често Путин готви.

-Не често. Но, и тоа се случува - рекол Песков.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.04.2019 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега