Дилан кршеше женски срца, а во реалноста само една жена беше негова љубов - бајковита приказна која заврши тажно

 

Вчера на 52-годишна возраст почина актерот Лук Пери поради последици од мозочен удар, а смртта на познатиот актер ја потресе холивудската, но и светската сцена. Овој шармер со прекрасна насмевка се прослави по улогата на Дилан од култната серија „Беверли хилс“, а иако на малите екрани беше скрцекршач, во реалноста немаше многу среќа во љубовта.

Пери, во раната младост, кога беше на врвот од кариерата, се ожени со манекенката Рејчел Шарп, а оваа љубовна приказна започна како несекојдневна и целосно нетипична приказна за Холидув. Убавата Рејчел всушност беше само една од низата обожавателки кои му испраќаше писма на домашна адреса на актерот, но едно нејзино писмо се издвоило, затоа што со него испратила и еден необичен детаљ - нејзиниот градник.

„Во бројните писма кои ги добивав наидов на градник спакуван во кутија. Не можам да кажам дека тој потег ме освои на прва, но секако бев храбар и поинаков. Мопжам со сигурност да кажам дека таа е моја најголема обожавателка“, раскажал актерот своевремено.

Набрзо почнал да ја запознава Рејчел, која тогаш работела како продавчка на мебел, а ова познанство се претворило во врска, а потоа и брак.

И покрај тоа што врската почнала бајковите, се завршила после 10 години. После разводот со Рејчел со која доби две деца,љубовниот живот на Пери останува во тајност. Се слушале шпекулации, но актерот никогаш во јавност не се појавил со друга партнерка. Најмногу се зборувало и се поврзувал со актерката Рене Зелвегер, бидејќи биле видени неколклу пати заедно на улица во Њујорк.

„Не сум од оние кои мораат секогаш да имаат некој покрај себе. Вака имам повеќе време за своите деца, бидејќи со нив сакам да поминат повеќе време. Медиумите знаеја за мојата врска со една жена, а тоа беше мојата поранешна сопруга. Секогаш тежнеев кон работни успеси“, рекол Лук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.03.2019 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега