Слабејте брзо и лесно со помош на рен- го олеснува варењето и го чисти организмот
Ренот (Armoracia rusticana) е повеќегодишна билка со зелен лист, бел корен и лут вкус. Потекнува од Медитеранот и Западна Азија, а во исхраната најчесто се користи коренот, но исто така се вкусни и младите листови од билката.
Поради својот состав (витамин Ц, Б1, Б6, Б12, железо, калциум, магнезиум, фосфор…) ренот е многу лековит. Неговите лечителни својства ги познавале и старите Грци. Уште во 1500.г. п.н.е, го користеле за ублажување на болки во грбот. Оттогаш и поговорката: Ротквицата вреди колку оловото, репката вреди колку среброто, а ренот вреди колку златото.“.
Ренот е неизоставен додаток на јадењата, посебно на масната храна затоа што го олеснува варењето, го чисти организмот, го забрзува метаболизмот, го отстранува уморот, и најмногу им се препорачува на дијабетичарите. Го поттикнува растот и развојот на корисните бактерии во цревата.
Сокот од ренот ги уништува бактериите: дезинтерија, салмонела, туберколоза, како и многу габички кои паразитираат во човекот и билките. Ја подобрува функцијата на дигестивниот тракт и го стимулира лачењето на цревните сокови, жолчката и ензимите од панкреасот. Ренот ја поттикнува и функцијата на црниот дроб, срцето и циркуалцијата, а воедно претставува и добар диуретик и помага при ревматизам.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа