Исповед на таткото на Тијана од Ужице која почина од грип: „Би ѝ ги дал и двете белодробни крила“

 

Ратко Гардиќ од Ужице е скршен од болка откако ја погреба својата ќерка која во осмиот месец од бременоста почина од опасен вирус.

„Сакав на мојата Тијана да ѝ ги дадам белодробните крила, ги прашав докторите дали може тоа, но не вредеше“, рекол таткото.

Вели дека Тијана во март требала да се породи.

„Знам дека пред 15 дена беше на гинеколог. Некако во тоа време, ми се јави на телефон и ми кажа „Тато лошо ми е, имам температура“. После беше со мајка ѝ на лекар, знам дека беа на пулмолог, одеа секаде бараа помош“- додава таткото.

Поради лошата состојба е префрлена во болница во Белград.

-Откако Тијана беше префрлена во Белград, беше на апарати, немаше можност да се слушнеме. Се слушав со лекарот кој ја лекуваше, ми рече дека грипот удрил на белите дробови. Сакав да му помогнам на моето дете, ако треба да ѝ ги дадам двете белодробни крила, само да ја спасиме. Ми рече дека е многу лошо, дека не може да диши“, вели Ратко.

Непосредно пред да бидат спроведени сите мерки на интензивно лекување и дијагностика, како и консултирани прегледи, направен е царски рез истиот ден во вечерните часови, но за жал, ниту бебето не преживеало.

Префрлена била на инфективно, каде починала.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.02.2019 - 08:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега