Полицаец изненадил келнерка која била седум месеци бремена: И оставил порака и бакшиш 10 пати поголем од сметката (видео)
Полицаец од градското подрачје на Ворхес, во американската држава Њу Џерси, на 23- годишната бремена келнерка која била во 7 месец од бременоста и оставил бакшиш а со тоа и оставил и порака и посакал многи среќа на бебето.
Кадиган која требала да се породи на 1-ви априловаа година, го послужувала полицаецот кој дошол во ресторанотминатиот петок.Неговата сметка била 8,75 долари, а тој и оставил бакшиш од 100 долари заедно со порака на која напишал:
„Уживајте со првото дете, никогаш нема да го заборавите овој период“ стоело во пораката.
Полицаецот бакшишот заедно со пораката го оставил на шанкот и си заминал без да и каже било што на девојката.
„Благодарна сум поради неговата љубезност, благослов е да се среќаваат вакви личности како него.Засекогаш ќе му бидам благодарна!“рекла девојката.
Нејзиниот татко на својот Фејсбук профил во саботата објавил фотографија со сметката и пораката од полицаецот кој сакал да остане анонимен.
„Често слушаме како се полицајците лоши, и како лошо се однесуваат и ја злоупотребуваат својата моќ.Сепак во секое жито има и кокољ, па така и меѓу нив има такви кои чесно си ја работата работат.Тие доаѓаат во контакт со најлошите личности во општествотои тоа секој ден, го ризикуваат животот за да го спроведат законот“напишал нејзиниот татко измеѓу другото.
Кортни вели дека не раговарала многу со полицаецот, но мисли дека слушнал дека и е прво дете, па помислил како се мачии доаѓа на работа со оглед на тоа дека е во седмиот месец од бременоста.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа