Само неколку часа по смртта на Хитлер, манекенка влегла во неговиот стан во Минхен, па се капела во неговата када
Само неколку часа откако Адолф Хитлер се убил, на 30. април 1945 година поранешна манекенка и дописничка за Вог, Елизабет Ли Милер, се фотографирала во неговата када.
Во тоа време била воен известуач за публикацијата Конде наст и кога американските трупи влегле во Минхен со нив била и Милер со фотографот Дејвид Е. Шерман.
American war correspondent Lee Miller takes a bath in Hitler’s Munich apartment hours after his suicide, tracking mud fresh from Dachau across the floor. 30 April 1945 https://t.co/Ce12310zBv pic.twitter.com/Pyvp7Jsjrd
— son of an asylum seeker, father of an immigrant (@doctorow) February 22, 2018
Двајцата почнале да истражуваат и случајно наишле на апартман во една зграда, за кој се испоставило дека бил токму некогашниот стан на Хитлер кој некое време бил напуштен.
Одлучиле да се фотографираат во тој стан и така настанале фотографии кои долго ќе се паметат. Не се знае зошто точно се одлучила да се капе во неговата када, но наводно во тој стан тие двајца поминале 3 ноќи. Седеле на неговата маса, го користеле неговиот тоалет, па дури и спиеле во неговиот кревет.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа