Ова е кумата на Цеца која беше убиена - приказната за нејзиниот живот ја замрзнува крвта

 

Веселата тинејџерка Маја, уште како средношколка поради својата убавина и стас им паѓала во очи на фотографите. Набрзо станала фотомодел, а завршила и двегодишно школување за новинар-водител, бидејќи новинарството ѝ било животен сон, напишала Снежана Серафимовиќ за Сведок.

Своите соништа почнала да ги остварува во 1991 година кога почнала да работи како новинар во НТВ СТБ, каде секоја недела во живо, водела емисија „Белградски булевари“ и „Домаќин и комшилук“.

Со српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ се запознала во 1933 година кога била ангажирана од штабот на Странката српско единство да води промотивни собиранки на странкатата на кои, меѓу другото, гости биле Џеј Рамадановски, Оливер Мандиќ, Цеца...Се спријателиле, а потоа станале нераздвојни другарки, а изјавата на Маја засекогаш ќе се памети.

Maja PAvić

-Беше тоа некаков матен ноемвриски ден. Цеца ја запознав во гардероба на Халата за спортови во Панчево. На прв поглед не ми беше нешто симпатична, а изгледа ниту јас на неа. Зошто? Па, едноставно така. Тоа траеше три дена, четвртиот седнавме во некој џип и оттогаш сме неразделни. Често спиевме една кај друга, заедно јадевме, се дружевме...Подоцна одев на сите нејзини концерти, она доаѓаше на снимањето на моите емисии - рекла Маја.

Подоцна Маја ѝ станала и кума на Цеца, кога се мажела за Вељко Ражнатовиќ.

MAja PAvić

-Се согласив, секако, рекла Маја и додала дека морала да издржи повеќенеделна гужва поради свадбата, дури имала чувство дека таа се мажи.

Кога од новинарите била прашана дали постои некој маж во нејзиниот живот, таа рекла дека постои и дека тоа е Раде Чалдовиќ, другар на Аркан од детството.

На 15. февруари 1997 година, во 03:20 часот со пригушувач на хеклер бил ликвидиран Раде, еден од последните славни имиња од подземјето на Белград. Маја Павиќ која била со него, било исто така убиена. Имала само 25 години.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.02.2019 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега