Денешниот празник прави чуда - направете го ова денеска

 

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 31 јануари.

Денеска е Св. бесребреници Кир и Јован.

Во Црквата бесребреници се нарекуваат лекарите на душите и телата, кои лечеле повеќе со силата на Светиот Дух отколку со помош на лекарската рецептура, и директно ги следеле Христовите зборови: бесплатно добивте, бесплатно давајте. Меѓу нив е и александрискиот христијански лекар и чудотворец Кир, заедно со неговиот подоцнежен соработник, војникот Јован. Со своето делување Кир моногумина обратил кон верата во Христос, со што ја заработил омразата на римските власти. Свети Кир и Јован пострадале за Христа за време на Диоклецијановите прогони.

Христијаните веруваат дека многубројни чуда направиле овие маченици за време на животот и после смртта.

Верниците ги повикуваат на помош при несоница, при осветување на вода.

Свети Кир и Јован се сметаат за заштитници на братската љубов, пријателствата и искреното другарство.

Се верува дека ќе им помогнат на сите оние чие пријателство е ставено на искушение. Се верува дека тие ќе ги заштитат сите оние кои денеска ќе се помолат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.02.2019 - 09:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега