Фрлиле новороденче во канализација и го оставиле, спасувачката мисија траела 3 часа (видео)

 

Спасувачите во јужноафриканскиот град Дурбан успеаја да спасат новороденче од канализација по три часа акција.

Минувачи слушнале детски плач и ги контактирале надлежните служби. За да допрат до бебето, спасувачите го ископале подрачјето околу одводниот канал.

Болничарите веднаш го прегледале новороденчето и го однеле во болница.

Лекарите велат дека бебето доживеало блага хипотермија, губење на телесната тежина, а на себе имала неколку модрици и исеченици.

Полицијата покрена истрага за тоа кој би можел девојчето да го фрли во канализација и кои му се родителите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2019 - 23:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега