Мистериозни черепи од Кавказ: Руски научници откриле скелети чии изглед ги оставил без здив

 

Археолозите од Институот за кавкаска археологија откриле чуден скелет од жена, за која се претпоставува дека живеела помеѓу 4-ти и 6-ти век, близу рускиот град Назран, на Кавказ.

Посебно внимание на медиумите им привлекол черепот кој бил во обик на јајце и повеќе личел на филмски приказ на скелет од суштество кое не е од нашата планета.

Деформирани черепи и вратови веќе се пронајдени во гробници на многу нации, како што се Алани, Хуни и Самарјани, а археолозите сметаат дека такви остатоци им припаѓаат на елитните членови на тогашните заедници.

Токму овој чуден облик на череп, во кои имало два полни редови со неверојатно бели заби, ги навеле научниците на заклучок дека станува збор за благороднички од тогашниот народ.

Неколку древни народи користеле техники за промена на обликот на главата и вратот. Се верува дека припадниците на благородната класа тоа го правеле за да го нагласат својот статус.

Тоа воглавно го постигале со употреба на корсети и завои, или ставање на прстени на главата уште во раното детство, додека се формира телото. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2019 - 18:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега