ВИДЕО: Храброст или лудост - жена нурка заедно со огромна бела ајкула, еден од најголемите предатори
Во близина на островот Оаху, на Хаваите е снимен нуркач како на само неколку метри оддалеченост плива заедно со огромна бела ајкула, без никаква заштита.
Снимката на ајкулата, најголема што кога било е снимена, се користи во кампања за заштита на ајкулите и ражите од убивање и прогласување за заштитени животни на Хаваи.
Истражувачот и конзерватор, Оушн Ремзи рече дека во вторникот имала блиска средба со шест метри долга бела ајкула, која се смета за најголем предатор меѓу овие животни.
Настанот го сними и го објави на социјалните мрежи нејзиниот вереник и деловен партнер, Хуан Олифант.
Ремзи изјави дека заедно водат кампања за усвојување на закон за забрана за убивање на ајкулите во Сојузната американска држава Хаваи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа