ФОТО: Македонскиот музичар заврши во болница - за малку ќе завршеше фатално

 

Петар Георгиевски или популарниот Перо – „Камиказа“ како што сите го познаваат, покрај тоа што е познат како актер и лидер на една од најголемите македонски рок групи „Меморија“, последниве години е целосно посветен на спортскиот живот. Но, кога во нешто се претерува, може да биде и опасно.

Трчањето – спортот во кој тој е најуспешен за малку ќе го чинеше живот. Перо заврши во болница со сериозна дијагноза.

„20 ноември бев згрижен на клиниката за кардиологија со дијагноза пулмонална емболија со тромбофлебит во левата нога… Ден на светецот Архагел Михаил кој зема души…Но, ете јас сум имал к’смет и денес сакам накратко да споделам неколку мисли со вас. За оваа болест првпат чув и бев помалку збунет, но читајки по Интернет видов и дека доста спортисти го поделиле истото искуство… 17 дена поминав во кревет без никакво движење, токму на овој кревет што го гледате… Нешто најтешко за мене во изминатиов период од животот… Но помина… И не е се’ готово… Сега треба мирување домашно од месец дена и потоа како резултатите ќе кажуваат враќање со минмален физички напор во наредните три месеци… Значи ништо не е готово додека не е готово!!! Или како ќе кажат наодите…

Го пишувам ова со особен нагласок за тркачите. Да трчате и да го правите она што го сакате додека можете, бидејки тоа може да ви го спаси животот, без разлика што носи утре… Јакото срце мене ми го спаси животот,благодарение токму на трчањето но можеби и од претеран напор, па го добив ова… Кој ке го знае!? За скептиците кој викаа”претеруваш” можам со мирно срце и душа да им кажам… Се науживав од тоа што го правев, па и ако дошло времето барем среќен и исполнет ќе тргнам на најдолгиот пат… Еве ме со брада непосредно по првото станување од болничкиот кревет… И да, она со мускулите и ретроспективата беше да ги амортизирам гласините… Додека соберам храброст да го споделам ова животно искуство со вас… Да сте живи и здрави и да уживате во секој нов ден… Ве сакам сите…“ – напиша Перо на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2018 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега