Велковски: Продолжува изградбата на спортските сали и повеќенаменските игралишта
Со изградба на спортски сали на територија на Република Македонија се овозможува сите оние кои се занимаваат со спорт и спортски активности да тренираат и да се натпреваруваат во текот на целата година. Досега се изградени 34 спорстки сали, а реновирани се две кои ги исполнуваат потребните стандарди за одржување на натпревари во кошарка, ракомет, одбојка, мал фудбал како и натпревари од индивидуални спортови, вели кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во втората изборна единица, Ѓоко Велковски.
-Во следниот период ќе се изградат нови 11 спортски сали и ќе се реконструираат постоечки. Со проектот, пак, изградба на 100 повеќенаменски игралишта, конструкцијата и содржината на опремата која е инсталирана овозможува истовремена игра на 24 до 34 учесници. Во следниот период се планира изградба на уште 22 вакви повеќенаменски игралишта на територијата на цела Република Македонија, посочува Велковски.
Досега пуштени во употреба се повеќе од 65 повеќенаменски игралишта кои се реализираат преку Агенцијата за млади и спорт, додека во тек е реализација на 13.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа