Масовна тепачка кај Батинци: Има оштетено возило
Завчера во 16.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 16.15 часот кај патот за с.Батинци, скопско, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.С.(48), Н.С.(21), П.С.(20) и еден малолетник, од една страна и Н.А.(52), Л.А.(24) и Е.А.(26), од друга страна, сите од Скопје, при што било оштетено и патничко возило, сопственост на Н.А..
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
10.02.2025 - 15:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа