ДУИ ја промовираше изборната програма во Скопје

 

Демократската унија на албанците (ДУИ) денеска во Скопје ја промовираше изборната програма која, како што рече лидерот на партијата Али Ахмети, содржи мерки за наредните четири години односно од 2016 до 2020 година.

- Програмата е изготвена и има одговорност, сигурен сум и верувам дека ние можеме да ја оствариме и затоа на веб страната на ДУИ дадовме можност да се предложат сугестии за она што не сме го постигнале. Од ова програма не добиваат само Албанците туку сите граѓани во Македонија, истакна Ахмети.

Во програма, рече тој, е собрана енергијата на интелектуалците и експертирте кои што се докажани со својата работа. 

Во наредните четири години ниту едно албанско семејство да не остане без еден вработен, е една од целите на економскиот дел од програмата, порача шефот на изборниот штаб на ДУИ Беким Незири. Според него, во изминатите години благодарение на политиките на ДУИ отвориле три слободни економски зони во Тетово Кичево и Струга во кои донеле три компании меѓу кои во Тетово „Леар“, американската компанија „КСС“ во Кичево, и компанијата која започнала со 800 враборени во Охрид, а сега отвора капацитет за 1.500 вработени во Струга.

- Како резултат од политиките на ДУИ, Македонија е во топ 10  на земји каде што може да се направи бизнис, истакна Незири. Информира дека програмата има над 200 страници, а ја изработиле над 117 интелектуалци. 

Носителот на кандидатската листа во Изборната единица 1 Артан Груби порача дека ДУИ ќе ги спроведе сите препораки од Европската Комисија. Во програмата во областа на владеење на правото сите препораки се вклучени во планот и заедно со препораките на Охридскиот договор да се спроведат во наредниот мандат. Според него, владеењето на правото ќе бие транспарентно во согласност со сите дадени препораки. Во однос на интеграцијата, Груби рече дека ДУИ не познава друга алтернатива освен интеграција во ЕУ и НАТО.

Џеват Адеми истакна дека приоритет на ДУИ во наредните четири години ќе биде двојазичноста, односно службена употреба на албанскиот јазик. Двојазичноста според него е добра за сите граѓани во Македонија и, како што рече, не само за комуникација туку и за економската димензија бидеќи доминантен фактор во регионот е албанскиот и косовскиот пазар. Во наредниот мандат освен законот за двојазичност, Адеми рече дека ќе донесат и закон за формирање на институција која ќе биде механизам за заштита на албанскиот јазик. 

 
 
22.11.2016 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега