Личков: ВМРО-ДПМНЕ ги реализира ветувањата
Градоначалникот на Чешиново Костадин Личков, вели дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ е Влада што го реализирала и новиот пат кој беше пуштен во употреба, а ги поврзува општината Чишиново-Облешево и општината Карвинци со општина Штип.
-Веќе продолживме и со општина Зрновци и го направивме патот Котеранци-Видовиште, кој во програмата бил предвиден да се гради и да биде завршен во 2017 година, а ќе ги поврзува селата Кучиново и Теранци. Со ова го завршуваме коридорот кој ќе биде поврзување од општина Виница до општина Штип. Се надевам дека сите граѓани го гледаат бенефитот, а посебно овој дел со еконосмкиот развој и се надевам дека и понатаму ќе има поголеми инвестиции и изградба на локални и регионални патишта, изјави градоначалникот на Чешиново-Облешево, Костадин Личков.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа