СИТЕЛ: Близнакот од Ѓорче Петров застрелан на Партизанска- Се бори за живот на карил

 

МВР се уште не ги открива причините и мотивот за вчерашната вооружена престрелка на булеварот Партизански одреди. Дел од инцидентот бил Даниел Трајковски, телохранител на високи функционери на СДСМ, кој во криминалното подземје е познат како Близнакот од скопската населба Ѓорче Петров. Со прострелни рани во стомакот, градите и раката доцна синоќа бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, од каде велат дека по извршената операција во текот на ноќта, 45-годишниот Даниел е во стабилна, но животозагрозувачка состојба. Половина час пред полноќ тој на булеварот Партизански одреди, изгубил конторола над својот автомобил, удрил во бетонска жардињера на средишниот дел од коловозот и се превртел. Од МВР засега не можат да потврдат дали тој се здобил со повредите додека управувал со автомобилот, бидејќи до овој момент се уште немаат пријава за пукање во овој дел од Скопје.

10-тина минути по полноќ, случајот во полиција го пријавила медицинска сестра од Ургентниот центар. Од МВР велат дека досега не е извршен ниту разговор со повредениот затоа што тој не се наоѓа во целосно свесна состојба, а тие се уште работат на откривање на причините за настанот, но неофицијално Трајковски е жртва на луѓето од кои изнудувал пари.

И покрај тоа што дел од медиумите вчерашната претрелка ја поврзуваат со закани и дејства во однос на изборниот процес, сепак 45-годишниот Даниел е лице со богато криминално досие, чие име многупати досега се споменува како дел од вооружени престрелки.

Фалсификување исправа, 4 пријави за Насилство, Употреба на исправа во невистинита содржина, Загрозување на безбедност во сообраќајот, Давање лажен исказ во кривична постапка со особено тешки последици по обвинетиот, Спречување на службено лице во вршење службено дејствие, Тешка телесна повреда, Напад на службено лице при вршење работи на безбедноста и Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали, се делата за кои повредениот Даниел е пријаувавуван во изминатите години.

 
 
15.11.2016 - 16:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега