СИТЕЛ: СДСМ ја злоупотребува администрацијата во Струмица за партиски цели
СДСМ во Струмица ја злоупотребува администрацијата за партиски цели, обвинуваат вработени во училиштата и јавните претпријатија, во градот каде граодначалник е Зоран Заев. Тие велат дека уште во текот на вчерашниот ден, преку СМС порака добиле наредба утрово во 9 часот и 20 минути да се појават во градскиот парк во Струмица каде ќе се снима рекламен спот за потребите на СДСМ.
Вработените, кои не сакаат да зборуваат пред камера бидејќи се плашат за работното место, велат дека подоцна добиле уште една порака, дека снимањето ќе продолжи во 15:30 минути во Домот на културата.
Информацијата ја потврдија и камерите на терен. Утрово колони вработени во општината чекаа наредби за тоа како да се однесуваат за време на снимањето. На терен можеше да се видат и неколку возила со српски регистарски ознаки но не се знае дали станува збор за српската маркетинг агенција која во медиумите популарно беше наречена, “Сејачи на скапа магла”.
Ангажирањето на вработени во јавната администрација за партиски цели во работно време во Македонија е забрането со неколку Закони.
-Вработените во текот на работното време не смеат директно да учествуваат во изборни активности или во други јавни настапи од таков вид, се вели во третиот став од 38миот член на Законот за вработените во јавниот сектор.
Прекршени се и серија членови од законот за административни службеници кои забрануваат било каква политичка активност во работно време, а СДСМ барале од вработените во администрацијата да снимаат рекалмни спотови за партиски цели, додека траат рабнотните часови кои на административците им ги плаќаат сите граѓани на Македонија
Потврда или демант денеска побаравме и од СДСМ. До овој момент од партијата нема никаков одговор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа