Средба Обама-Павлопулос: Се разговарало и за Македонија
Американскиот претседател Барак Обама денеска во Атина имаше средба со неговиот грчки колега Прокопис Павлопулос, кој во своето обраќање кон Обама, истакнал три прашања, меѓу кои и името на Македонија.
Во однос на името на нашата земја, Павлопулос му рекол на Обама дека „фактот што соседната земја инсистира на името претставува иредентизам и значи промена на границите, ја поткопува европската перспектива на земјата“.
„Катимерини“ јави дека Павлопулос истакнал три прашања во своето обраќање кон Обама.
„Тој повикал на брзо решавање на кипарското прашање со гаранции, потребата да се брани Договорот од Лозана, затоа што доведувањето во прашање на било кои граници е еднакво на ‘сослушување на границите на Европа’, а исто така се осврнал на ‘соседната држава која инсистира на името’ во остар удар кон Скопје во врска со спорот за името меѓу Атина и поранешната југословенска Република Македонија (ПЈРМ)“, информира „Катимерини“.
Американскиот претседател, од своја страна, својот одговор го ограничил на пошироки прашања, особено осврнувајќи се на мигрантската криза и потребата за обединет напор за справување со неа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа