Лиле Поповска се премисли: Сепак ќе биде кандидат на листите на СДСМ
Лилјана Поповска се премисли. Сепак ќе биде кандидат на листата на СДСМ но наместо на добитното место 4 во втората изборна единица, ќе се спушти за некое место, најверојатно десетто во првата изборна единица.
На Централниот одбор на ДОМ одржан вчера вечер (09.11.2016) беа избрани кандидатите за пратеници на парламентарните избори 2016. Тоа се д-р Маја Морачанин на добитното 4. место во И.Е.2, Лилјана Поповска во И.Е.1 и Валентин Тасевски од Тетово во И.Е.6., стои во писменото соопштение на ДОМ.
Поповска е свесна дека секое место под петтото во првата изборна единица за СДСМ е проблематично, а за десеттото на кое најверојатно ќе се знае, уште однапред се знае дека е загубено.
„Централниот одбор ја донесе и одлуката за коалиционен настап на ДОМ во рамките на опозиционата лево-центристичка коалиција предводена од СДСМ. Тоа е логична завршница на речиси двегодишната заедничка борба со прогресивните сили во земјата за демократизација и позитивни промени. И покрај нашите заложби за самостоен настап, оценивме дека во моментов е неопходно групирање на силите, за да се постигнат промени во насока на функционална и демократска правна држава. “ – велат од ДОМ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа